Поранешниот телохранител на Диди: „Тој им го правеше на другите луѓе она што му го правеа нему“

Точка

26/09/2024

10:40

2.007

Големина на фонт

а а а

Џин Дил, поранешниот телохранител на Диди, тврди дека раперот чувал снимки од политичари кои присуствувале на неговите забави и дека неговото апсење е поврзано со наводен корупциски скандал кој влијае на политиката во Њујорк, пишува Дејли Меил.

Дил тврди дека обвинението на раперот може да разоткрие високи функционери и познати личности во Њујорк.


„Сето ова е поголемо од Диди“, вели телохранителот, кој работеше за раперот во 1990-тите. На прашањето дали има познати личности во тие видеа, Дил одговорил: „Диди приредуваше забави за славните, што мислите вие?“.

„Го претворија во чудовиште“

Тој тврди дека и самиот рапер бил жртва на други моќни личности во музичката индустрија. „Тој не е роден како чудовиште, туку го претворија во чудовиште. Од него направија чудовиште поради она што му се случило и поради нештата кои морал да ги направи. Да бидам искрен, им го правеше на другите она што му го правеа нему“.


„Многу се дрогираа и тепаа жени во таа луда фаза, мислеше дека може да се извлече од истите нешта од кои тие тогаш се извлекуваа. Тоа лично го видов“, додал Дил. Вели дека апсењето на Диди е карма за многу нешта кои ги направил. „Сам си е виновен“, заклучил тој.

Потсетуваме, раперот минатата недела беше уапсен од страна на федерални агенти во Њујорк и обвинет во кривично обвинение по три точки, во кое е наведено дека сексуално злоставувал жени и ги принудувал да учествуваат во секс забави и дрогирање, користејќи се со закани и насилство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг