Најновиот обичај на српските свадби: Луѓето со неверување гледаат што направил младоженецот, „Ми беше срам да учествувам во ова“

Точка

25/09/2024

21:44

24.418

Големина на фонт

а а а

Во виралното видео кое се појави на социјалните мрежи, прикажан е најновиот обичај на Србите – фаќањето папучa на свадба.

На социјалните мрежи се шири видео снимка од една српска свадба, на којашто доминира нов обичај – фаќање на папуча. На ова вирално видео може да се види младоженецот свртен со грб, додека зад него стојат неоженети мажи.


Инспириран од традиционалното фрлање на бидермаерот, младоженецот ја фрла својата папуча, а оној кој ќе ја фати ќе биде следниот којшто ќе се ожени.

Во коментарите под видеото од оваа свадба на социјалните мрежи, се отвори остра полемика, а корисниците на социјалните мрежи имаа различни мислења.

„Конечно нешто и за мажите, ме насмеа, ова е супер идеја“, „Дали е ова обичај за мажите коишто добро ќе се омажат“, „Среќа па не одам на вакви свадби, ќе ми беше срам да учествувам во ова“, беа дел од коментарите под видеото.

Бидермаер


Едниот од најпопуларните и најомилени обичаи на свадбите широко распространет низ светот, секако е фрлањето на бидермаер. Се верува дека бидермаерот ѝ носи среќа на девојката која ќе го фати, односно дека и таа ќе се омажи во текот на идната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг