Највалканиот предмет во рестораните е на маса и има 185.000 бактерии: Еве што не треба да допирате

Точка

21/09/2024

19:34

5.281

Големина на фонт

а а а

Веројатно веќе сте слушнале дека менито е дефинитивно највалканиот предмет во ресторанот – содржи околу 185.000 бактерии. Значи повалкано е од тоалетната школка.

Изненадувачки, и вториот највалкан предмет во ресторанот не е во тоалетот. Се наоѓа на масите. Па, пред да посегнете по садовите за солта и биберот, размислете колку луѓе го допреле тој сад пред вас, пишува „Хелти“.

Дали изгледа чисто? Дали е лепливо?


За жал, не е невообичаено во рестораните сè да блеска, но ако ги погледнете садовите за сол и бибер, ќе видите дека не се најчисти. Според студијата спроведена од „АБЦ њус“, просечниот број на бактерии на сад за бибер е 11.600.

„Повеќето садови за сол и бибер се бришат само ако изгледаат премногу валкано, а потоа само со влажна крпа што келнерите ја чуваат во џебовите. Иако некои ресторани собираат, полнат и бришат садови за сол и бибер, тие ретко се празнат и се дезинфицираат правилно“, изјавил за „Ридерс дајџест“ Јонас Сиклер.

„Друг одвратен факт е дека родителите, желни да ги забавуваат своите малечки, честопати дозволуваат малите да си играат со садовите за сол и бибер за време на оброците. Тоа значи дека ќе бидат покриени со плунка и се што има на прстите на малечкото, што ќе им помогне на бактериите подобро да се залепат на стаклените површини. Дури и луѓето кои не планираат да ја зачинуваат својата храна ќе ги преместат околу масата – дефинитивно нешто на што треба да внимаваат додека влегуваме во сезоната на грип“, продолжил Сиклер.


Не ги пропуштајте овие навики за ширење бактерии кои треба веднаш да ги отфрлите. Сикрел советува во иднина да го замолувате готвачот да го зачини јадењето уште во кујната, а што се однесува до солта…искористите ја можноста да го намалите внесот на натирум.



Спонзорирани линкови

Маркетинг