Уште една апликација ги користи вашите податоци за да тренира вештачка интелигенција

Точка

21/09/2024

10:00

3.345

Големина на фонт

а а а

"Linkedin" ја ажурираше својата политика за приватност без најава, каде што сега вели дека податоците на корисниците се користат за обука на модели со вештачка интелигенција.

„Можеме да ги користиме вашите лични информации за да ги подобриме, развиеме производите и услугите, да развиеме и обучуваме модели за вештачка интелигенција (AI), да ги развиваме, обезбедуваме и персонализираме нашите услуги и да стекнеме увид користејќи вештачка интелигенција“, се вели во ажурираните услови за приватност на "LinkedIn".

Корисниците кои не сакаат "Linkedin" да ги користи нивните приватни податоци може да ја отповикаат дозволата со одење во „Приватност на податоците“ и потоа кликнување на „Податоци за генеративно подобрување на вештачката интелигенција“.


Оттаму, тие можат да ја исклучат оваа функција, пренесува "The Verge".

Како што е наведено, ова исклучување „нема да влијае на веќе одржаната обука за вештачка интелигенција“, односно не ја откажува или санкционира претходната употреба на личните податоци на корисникот за развој на вештачка интелигенција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг