Не помина интерпелацијата за Африм Гаши

Макфакс

03/09/2024

21:15

2.184

Големина на фонт

а а а

Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, вечерва не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.

Против интерпелацијата гласаа пратениците од парламентарното мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Вреди и Движење ЗНАМ – за наша Македонија. Поддршка дадоа иницијаторите Левица и СДСМ.

Претресот по интерпелацијата на работата на претседателот на Собранието почна претпладне, а се вклучија 21 пратеник.

По гласањето за интерпелацијата, продолжи работата по останатите точки од дневниот ред на 13. седница.