[ВИДЕО] „Bugatti“ подготви нов ѕвер: Наследникот на „Chiron“ ќе има V16 i 1.800 коњски сили

Точка

05/06/2024

19:06

7.548

Големина на фонт

а а а

Како што најавија од оваа компанија, новиот хиперавтомобил ќе биде откриен на 20-ти јуни, односно за нешто повеќе од две недели.

Сè уште не се знае името на овој модел, но знаеме дека ќе има хибридизиран погонски склоп со „V16“ мотор. Го најавиле овој нов автомобил како „икона за вечноста“, можеби така откривајќи ја барем насоката во која ќе оди неговото име.

Во официјалниот тизер го гледаме само кровот на автомобилот, односно неговиот облик, како и легендарното лого на „Bugatti“. Меѓутоа, некои претходни извештаи зборуваат за тоа дека дизајнот ќе комбинира елементи од претходните модели со малку поелегантен пристап.

„Bugatti“ вели дека шасијата е „сосема нова“, сугерирајќи дека моделот нема да биде базиран на „Chiron“. Што е уште поважно, како што наведовме, „W16“ го отстапува местото на „V16“, кој ќе работи заедно со три електрични мотори.

Се очекува дека само моторот со внатрешно согорување ќе биде доволен за 1.000 коњски сили, додека три електрични мотори би можеле да произведуваат дополнителни 340 коњски сили секој посебно. Вкупно, моќта на овој автомобил ќе биде околу 1.800 коњски сили, додека погонот веројатно ќе биде на сите тркала, а менувачот осумстепенски и автоматски.

Наводно, ова ќе биде доволно за тоа моделот до 100 км/ч да дојде за две секунди, а до 400 км/ч за помалку од 25 секунди. Најголемата брзина би можела да изнесува 445 км/ч.




Спонзорирани линкови

Маркетинг