[ВИДЕО] Bugatti го произведе последниот Chiron, погледнете како изгледа

Точка

31/05/2024

11:47

7.595

Големина на фонт

а а а

"Bugatti" на "Rimac" денес го откри својот најнов "Chiron", "Super Sport" верзијата наречена "L’Ultime".

Со ова завршува производствената серија која траеше седум години и резултираше со изработени вкупно 500 примероци, бројка што е истакната во неколку детали за дизајнот на "L’Ultime".

Другите посебни детали вклучуваат надворешна нијанса која содржи две од боите користени на "Chiron" прикажани на Саемот за автомобили во Женева во 2016 година, како и различни локации кои означуваат значајни настани за Chiron рачно напишани на страните на автомобилот.

Од своето деби во Женева, "Bugatti" лансираше неколку дополнителни варијанти на "Chiron", вклучувајќи го и "Super Sport 300+", чиј прототип ја проби границата од 485 km/h во 2019 година. Тој тест се одржа на тест патеката "Ehra-Lessien" во Германија и, се разбира, тоа е една од локациите прикажани на "L’Ultime".

"Bugatti" на крајот понуди 30 примероци од "Super Sport 300+" на јавноста, но од безбедносни причини максималната брзина беше ограничена, иако "Bugatti" јавно не објави колкава е границата. Верзијата "Super Sport", која е основа за "L’Ultime", во суштина е "Super Sport 300+" со дополнителен луксуз, поудобна шасија и максимална брзина ограничена на 440 km/h.

Максималната брзина на регуларниот "Chiron" е ограничена на 420 km/h.


Наследникот ќе биде хибрид, откривање во јуни

Наследникот на "Chiron" ќе биде откриен во јуни и потврдено е дека има хибриден погон со ново развиен "V-16" мотор како компонента за внатрешно согорување. Сепак, новиот хиперавтомобил нема да влезе во производство до 2026 година.

Во меѓувреме, "Bugatti" ќе произведе планирана серија од 100 автомобили "Mistral".

Roadster е последниот корисник на 8.0-литарскиот "W-16" мотор на Bugatti кој дебитираше во "Veyron". Планирана е и мала серија, проценета на 40 тркачки автомобили.