Премиерата на новата HBO Original минисерија „Режим“ (The Regime), со добитничката на „Оскар“ Кејт Винслет во главната улога, ќе има премиера на 4. март на HBO Max стриминг платформата. Премиерата на HBO каналот е закажана за истиот ден во 20 часот.
Мрачно-комичната серија во шест продолженија раскажува приказна за животот во еден модерен авторитарен режим. Откако некое време воопшто не излегува од палатата, канцеларката Елена Вернхам (Кејт Винслет) станува параноична особено откако му се обраќа на нестабилниот војник Херберт Зубак (Матијас Шунартс).
Влијанието на Зубак врз канцеларката со тек на време почнува да расте, а нејзините обиди да ја зголеми својата моќ на крај резултираат со распад на палатата и земјата.
Во серијата настапуваат Кејт Винслет, Матијас Шунартс, Гијом Галиен, Андреа Рајзборо, Марта Плимптон и Хју Грант. Извршни продуценти се Вил Трејси, кој во исто време е и шоуранер и сценарист, Френк Рич, Трејси Сивард, Кејт Винслет, Стивен Фриарс и Џесика Хобс. Сценаристи на минисеријата се Сет Рајс, Сара Делап, Гери Штајнгарт, Џен Спира и Џули Вајнер.