Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Собранието се главни забелешки во извештајот на Европската комисија

Макфакс

08/11/2023

14:42

861

Големина на фонт

а а а

Политичката поларизација и блокирањето на парламентот, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека се главните забелешки во извештајот на Европската комисија, а за тоа вината ја гледа кај опозицијата, која ја блокирала работата на законодавниот дом.

Прашан од новинарите за извештајот пред тој да биде објавен, министерот Османи рече дека од овие причини оневозможено било да се донесат голем број законски и реформски решенија, кои би ги адресирале слабостите што евентуално ги констатирала ЕК.

Османи дополнително обвини дека опозицијата го блокира парламентот со години поради некој ситен партиско-политички и дневен интерес.