(Фото) „Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, исчкртан мостот „Око“

Макфакс

07/09/2023

17:37

3.544

Големина на фонт

а а а

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј.

„Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки. Пак ли со досадниот филм „или уставни измени или меѓуетнички тензии“? Е овде ако нема камери и треба месец дена да се бара сторителот, да ставиме клуч на државава“, напиша Богдан Илиевски на социјалните мрежи.

Синоќа е вандализиран мостот пред Археолошки музеј со антимакедонски пораки.


Пак ли со досадниот филм „или уставни...

Posted by Богдан Илиевски on Wednesday, September 6, 2023

МВР вчера утврди дека 21-годишниот кој го вееше знамето на така наречена „Голема Албанија“, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти е германски државјанин. Полицијата еден месец работеше на утврдување на идентитетот на вејачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг