Шпанската кралица Летиција е позната по истенчениот вкус и префинет стил.
Нејзините аутфити се копирани од жените ширум светот, а таа е вистински пример дека монохроматските парчиња можат совршено да се комбинираат и да го комплетираат секој аутфит.
Кралицата вчера претседаваше со настаните по повод Меѓународниот ден на ретките болести во А Коруња и со својот изглед ги засени сите присутни.
Уште еднаш ја покажа љубовта кон светлите бои, а вчера се одлучила за фуксија бојата која претходно со задоволство ја носеше.
Летиција облекла светло розов макси фустан и ги засенила сите на настанот.
Нејзиниот фуксија фустан од Роберто Верин има 3/4 ракави и јака, а ременот околу половината уште повеќе ја истакнал нејзината чудесна фигура.
Фустанот, кој може да се најде по цена од 395 евра, се шири од половината во блага А-форма, а целата должина на фустанот има копчиња во средината.