Скандал на Санремо: Поради технички проблеми, минатогодишниот италијански претставник на Евровизија започнал да дивее на сцената

Точка

08/02/2023

13:46

6.767

Големина на фонт

а а а

Започна 73-то издание на култното натпреварување на италијанска музика Санремо, а првата вечер ја одбележа скандалозниот настап на минатогодишниот победник Бланко.

Имено, во текот на својот настап италијанскиот пејач имал технички проблеми, па во еден момент започнал да ја уништува сценографијата на сцената. Тој ги шутирал цвеќињата, ги фрлал плочите на кои биле наредени рози и се однесувал непристојно со музичарите кои настапувале со него.

Дивеењето не прекинало до самиот крај на песната, а кога завршила, публиката гласно го исвиркала.

„Убавата работа во музиката е што не морате секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рекол пејачот пред публиката и водителот кој со страв му пришол.

Италијанските медиуми го окарактеризираа неговиот настап како еден од најлошите во историјата на фестивалот.

По 19-годишниот Бланко, на сцената излегол легендарниот музичар Џиани Моранди со метла во раката, кој се обидел да го исчисти цвеќето кое било расфрлано по сцената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг