(Видео) Под урнатините е спасена мајка со три деца

Макфакс

08/02/2023

10:59

1.108

Големина на фонт

а а а

Колку и да е страшна ситуацијата во Турција и Сирија, каде што повеќе од 9.500 луѓе загинаа во разорните земјотреси што го погодија регионот во понеделникот, повремено има оптимистички вести.

Имено, спасувачите успеваат да извлечат деца кои неколку часа биле затрупани под урнатините, но за среќа успеале да преживеат.

Така припадниците на спасувачките служби во градот Идлиб од под урнатините успеале да извлечат мајка со три деца.

Исто така во Салкин гард, недалеку од Идлиб, припадниците на Белите шлемови успеале од под урнатините да извлечат девојка, која била закопана повеќе од 40 часа, пренесува Ослобоѓење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг