Земјотресот однесе повеќе од 9.500 животи во Турција и Сирија

Макфакс

08/02/2023

10:52

898

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 9.500 луѓе загинаа во силниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.

Бројот на жртвите во Турција се зголеми на 6.957, соопшти Управата за вонредни ситуации. Повредени се 38.224 лица, јавува Анадолија.

Претходно беше објавено дека во Сирија загинале повеќе од 2.500 луѓе. Овој земјотрес е еден од најсмртоносните во овој век.

По разорниот земјотрес во понеделникот, во Турција се регистрирани 648 последователни потреси, соопшти денеска Управата за вонредни ситуации.

Во спасувачките операции се ангажирани повеќе од 79.000 луѓе, а во погодените области се испратени 5.402 тешки возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, приколки и грејдери, јавува Анадолија.

Воспоставен е воздушен лифт за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до регионот погоден од земјотресот, пренесе Блиц.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг