Бајден: Се спротивставивме на агресијата на Путин, го направивме она што Америка најдобро го прави

Макфакс

08/02/2023

10:51

1.024

Големина на фонт

а а а

Во своето обраќање за состојбата на нацијата, американскиот претседател Џозеф Бајден нагласи дека Соединетите Држави се спротивставуваат на руската агресија во Украина и рече дека САД ќе стојат покрај Украина се додека е потребно.

„Заедно со НАТО покажавме сила наспроти руската агресија против Украина. Заедно, го направивме она што Америка го прави најдобро. Водевме! Го обединивме НАТО и изградивме глобална коалиција. Се спротивставивме на агресијата на Путин и го поддржавме украинскиот народ“, рече Бајден.

Тој му рече на украинскиот амбасадор, кој беше присутен за време на обраќањето на Бајден, дека САД се обединети во поддршката на Украина.

Бајден се осврна и на односите со Кина во светлината на неодамнешната расправија – кинеските балони за кои американските власти тврдат дека се шпионажа, објави Гласот на Америка.

Американскиот претседател не зборуваше конкретно за случајот, нагласувајќи дека јасно му кажал на кинескиот претседател дека САД се залагаат за конкуренција – не за конфликт, пренесе Н1.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг