Влаховиќ благодарен на гестот од Ди Марија откако постигна гол после 115 дена: Тоа навистина ми помогна

Дерби

08/02/2023

10:29

1.267

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ последен пат се запиша во листата на стрелците во Серија А на дербито против Торини кое се одигра на 15-ти октомври минатата година, па колку и да звучи чудно, на Србинот му беа потребни речиси четири месеци за да го постигне својот следен гол во Италија.

Напаѓачот на Јувентус имаше многу физички проблеми во последно време и поради тоа не беше ниту прв избор на мундијалот во Катар, но вчера успеа да стави крај на долгиот пост и погоди по пауза од 115 дена.

Душан го скрши мразот со удар од белата точка во првото полувреме од натпреварот со Салернитана, а во дадената ситуација самостојно побара да го изведе пеналот за кој првично беше задолжен Анхел Ди Марија.

– За секој напаѓач, најважно нешто се головите. Напаѓачите живеат од головите и сакам да му се заблагодарам на Ди Марија што ми допушти да го изведам пеналот. Тоа навистина ми помогна.

– Постигнав гол после 115 дена и потребни ми се неколку меча за да влезам во ритам. Се чувствувам се подобро и се надевам дека набрзо ќе бидат 100 проценти подготвен, – изјави Влаховиќ по победата од 0:3, во која постигна гол и од игра во вториот дел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг