Објавен е трејлерот за втората сезона од серијата која со експлицитните сцени ја шокираше јавноста: „Кога ќе почувствуваш барем мал вкус, повеќе нема назад“

Точка

08/02/2023

11:15

7.103

Големина на фонт

а а а

Ни пристигнува новата сезона на серијата на „Netflix“ – „Sex/Life“. Првата сезона беше прикажана во 2021 година и станала неочекуван хит.

Таа ги срушила рекордите на гледаност и завршила прилично напнато, а уште тогаш се зборуваше за втората сезона.

Сега објавено е и службеното видео на новата сезона, а во тизерот Сара зборува:

„Го немаат сите тоа, желбата да се разбудат и да престанат да месечарат низ својот живот. Да престанат да се обидуваат да ја направат вистинската работа, а истовремено ја негираат вистината. Но, тие во кои таа желба постои се изложуваат на голема опасност“.

Во љубовниот триаголник и натаму се наоѓаат Сара, Мајк и Адам. Втората сезона започнува таму каде што заврши првата – Били на влезната врата во станот на Бред, својот поранешен љубовник.

Најавата завршува со изјавата: „Затоа што кога еднаш ќе се разбудиш, кога ќе почувствуваш барем мал вкус, повеќе нема назад“.


Да ве потсетиме, серијата ја следи приказната на мајка домаќинка на која ѝ е здодевно во животот, па почнува да ги запишува своите сексуални фантазии со поранешниот партнер, секако нејзиниот сопруг тоа го наоѓа и го чита сето тоа.

Премиерата на втората сезона закажана е на 2 март.




Спонзорирани линкови

Маркетинг