Зошто арапските жени и во шестата деценија од животот изгледаат како девојчиња: Тајните се во овие 5 работи

Точка

08/02/2023

10:30

15.015

Големина на фонт

а а а

Научниците спровеле истражување благодарение на кое дознале зошто арапските жени имаат најнегувана кожа.

Поради овие пет правила тие изгледаат младолико и во шестата деценија од животот:

5. Густи веѓи

Арапските дами имаат густи веѓи кои ги негуваат со специјални масла. Тие ретко кога ќе посегнат по пинцета и нивните веѓи се природни и одржани и во поодминати години.

4. „Ајлајнер“

Арапските жени единствено што му го покажуваат на светот се нивните очи кои често се нашминкани со црн „ајлајнер“ којшто дополнително го истакнува нивниот мистичен поглед.


3. Посета на амам

Ориенталните купки совршено ја чистат кожата и ги отстрануваат токсините од телото. Кога жената се поти, горниот и оштетениот слој од кожата се отстранува, што дополнително ѝ дава сјај на кожата, еластичност и таа е мазна.

2. Нега на забите

Арапските жени секогаш имаат снежно, бели заби, а причината за тоа лежи во оралната хигиена која е на високо ниво. Многумина сметаат дека миењето заби дошло во Европа од арапските земји. Тие исто така се трудат хигиената на забите да ја одржуваат со природни средства.


1. Квалитетна козметика на база на масла

Арапските жени преферираат природна козметика за нега на кожа и коса. За косата да им биде сјајна и долга тие се мачкаат со специјални масла. Истото важи и за телото кое го мачкаат и масираат со маслиново масло. Маслото од темјан, роза и бадемово ја смирува кожата и ја прави здрава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг