Гратче на јадранското крајбрежје прогласено за најгостопримливата дестинација за 2023 година

Точка

08/02/2023

09:35

19.086

Големина на фонт

а а а

Веб-страницата „booking.com“ ја издвои листата на најгостопримливи дестинации кои би требало да ги посетите во 2023 година, а првото место го зазеде гратчето Polignano a Mare, сместено на јужното италијанско крајбрежје на Јадранското море.

Со обновено сеќавање на патничкиот оптимизам на хоризонтот, речиси половина (46 отсто) луѓе ширум светот веруваат дека 2023 година ќе биде онаа во која ќе се посветат на нови патувања, наведува „booking.com“.


Првото место на листата го зазело гратчето Polignano a Mare. Сместено на јужното италијанско крајбрежје на Јадранското море ова гратче е сликовито и се наоѓа над кристално чистото Јадранско море, а познато е по прекрасните плажи и бели куќички.

Оваа италијанска дестинација е совршена за скокови, а во последниве години дури била и домаќин на познатото светско скокање од карпи каде скокачите од карпа изведуваат неверојатни акробации од висина поголема од 20 метри.

Ресторан сместен во морска пештера

Уште едно култно место од овој град е ресторанот сместен во морска пештера којшто е вклучен во многу содржини на социјалните мрежи ширум светот.

Но, најпознатиот „извозен производ“ на овој град е легендата Доменико Модуњо којшто напишал и отпеал многу класични песни, од кои највпечатлива е песната „Volare“ која е и една од најпознатите во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг