Маск најави обид за лансирање на „Starship“ во март

Точка

07/02/2023

21:35

8.073

Големина на фонт

а а а

„SpaceX“ би можел да се обиде да го лансира својот џиновски ракетен систем „Starship“ во орбитата во март, рекол неговиот шеф, милијардерот Илон Маск, што е посебно важно во контекст на плановите за праќање на астронаути на НАСА на месечината во идните неколку години.

„Доколку преостанатите тестови минат добро, ќе се обидеме да го лансираме „Starship“ следниот месец“, рекол Маск, одговарајќи на твит за „Starship“.

Маск во јануари рекол дека постои „вистинска можност за лансирање“ на „Starship“ кон крајот на февруари, додавајќи дека обид за лансирање во март изгледа прилично веројатен.


„SpaceX“ од минатата година настојува да го лансира својот џиновски „Starship“ во орбитата за прв пат, клучниот демонстративен лет, бидејќи има за цел да ги однесе астронаутите на НАСА на месечината

„Starship“ би требало да стане водечки ракетен систем на „SpaceX“ откако ќе се развие во целост, наследувајќи ја ракетата „Falcon 9“ за повеќекратна употреба.


НАСА во 2021-ва година го избрала „Starship“ на „SpaceX“ за планираното истоварување на луѓе на Месечината околу 2025-та година, прв пат од 1972-ра.

Таа мисија, според договорот вреден околу три милијарди долари, бара неколку пробни вселенски летови, кои би можеле да го одложат почетокот на мисијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг