(Фото) Америка објави фотографии од остатоците од урнатиот кинески балон

Точка

07/02/2023

22:07

4.620

Големина на фонт

а а а

Американски ловец од типот „F-22“ во саботата со ракета воздух-воздух од типот „Sidewinder“ го урна кинескиот балон, за кој Пентагон тврди дека бил наменет за шпионирање, односно снимање на тајните воени објекти. Остатоците од балонот биле разлетани над поширокото подрачје, а нуркачите од американската воена морнарица веднаш почнале да ги собираат.

Американската морнарица објавила фотографии од остатоците од балонот кој летал над САД.

Во објавата се наведува дека морнарите кои во неделата ги извлекувале остатоците биле дел од морнаричкиот тим за експлозиви.

Уредот сега ќе биде прегледан за да се види дали навистина станува збор за шпионска опрема.

?ATLANTIC OCEAN - Sailors assigned to Explosive Ordnance Disposal Group 2 recover a high-altitude surveillance balloon...

Posted by U.S. Fleet Forces Command on Tuesday, 7 February 2023

Балонот, за кој се смета дека бил голем колку околу три автобуси, летал на голема висина и бил урнат на околу шест наутички милји американскиот брег во саботата во 20:39 по македонско време. Објавена е снимка од моментот на рушење на балонот, на која се гледа како големиот бел објект паѓа кон морето по помала експлозија.

„BBC“ пренесува дека Кина цело време тврди дека тој балон е за цивилна употреба дека во САД влегол поради „виша сила“. Поради балонот сменет бил дури и шефот на метеоролошката служба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг