Потресно видео: Турска водителка среде програма дознала за смртта на голманот, се расплакала заедно со директорот на клубот

Точка

07/02/2023

21:00

13.425

Големина на фонт

а а а

По 2-дневната потрага потврдена е тажната вест за смртта на турскиот голман Ахмет Ејуп Туркаслан, а ваквата информација ги шокираше гледачите на телевизиската програма во живо.

28-годишниот Туркаслан бил заробен во рушевините по разорниот земјотрес кој ја погоди територијата помеѓу границите на Турција и Сирија, и кој до овој момент однесе повеќе од 5.000 животи.

Неговата сопруга по пат на социјалните мрежи, плачејќи испрати апел да му се помогне и да се спаси неговиот живот, но на крајот биле потврдени најлошите вести.

Посебно шокантен е начинот и сцената во моментот додека техничкиот директор на клубот Јени Малатјаспор, во кој Туркаслан бранеше, ја потврди трагичната вест. Сè се случило на програма во живо на една турска ТВ куќа. Јилмаз Вурал, кој не успеал да ги додржи своите солзи, соопштил дека играчот на неговиот клуб настрадал.

Кога ја чула трагичната вест, водителката само ја спуштила главата, ги споила дланките и заплакала, а ваквиот тажен момент брзо се прошири на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг