Испливале изјавите на обвинителот поради кои „Бјанконерите“ вријат од бес: „Го мразам Јувентус и кражбите на терен“

Точка

07/02/2023

20:36

2.585

Големина на фонт

а а а

Зборовите на еден од обвинителите кој ја товари Старата дама изречени пред четири години кренале голема прашина на Апенините …

Повеќе од две недели Јувентус е во центарот на вниманието на јавноста на Апенинскиот полуостров. Како гром од ведро небо на 20-ти јануари на „чизмата“, а потоа и низ Европа одекна информацијата дека поради финансиски малверзации поврзани со трансферите на фудбалерите, на Јувентус му се одземаат 15 бодови. Но, тука не е крајот, бидејќи на почетокот на февруари било обелоденето дека се води уште една постапка против Бјанконерите со потенцијално уште потешки санкции кои славниот клуб би го ставиле на работ на испаѓање.

Додека обвинителот на Фудбалскиот сојуз на Италија Џузепе Кина брзо ги подготвува новите докази во случајот „Призма“, додека новата пресуда во која главен протагонист е Јувентус се подготвува за март (можно одземање на уште 20 бода), во јавноста испливале зборовите на еден од обвинителите на главната организација на италијанскиот фудбал кој работи на обвиненијата за Јувентус.

„Признавам, голем навивач сум на Наполи и го мразам Јувентус. Како јавен обвинител јас сум анти-Јувентино и сум противник на кражбите на терен“ – гласат зборовите кои пред четири години го кажал Чиро Санторијело,човек кој е дел од тимот кој ги подготвува доказите против Јувентус.

Видеото старо четири години ги запалило социјалните мрежи и предизвикало бројни контроверзи. Малку е да се каже дека навивачите на торинскиот гигант вријат од бес. Снимката настанала летото во 2019-та година на еден форум на адвокатски канцеларии во Милано, каде се зборувало за буџети и капитална добивка.

Се огласил и италијанскиот министер за Спорт Андреа Абоди преку Твитер: „Ја видов снимката и ја пријавив во склад со улогите поради соодветна проверка и процена. Мислам дека е во ред да сопрам тука“, бил краток првиот човек на италијанскиот спорт.

Неизбежно, новонастанатата ситуација ќе отвори некои прашања за тоа колку е обвинителството непристрасно во оваа истрага, посебно бидејќи во првобитната жалба Јувентус тврдел дека обвинителството селективно бирало делови од прислушувани разговори, а ја игнорирало целината за да го засили овој случај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг