Мишел Фајфер воодушеви со новото издание: Елегантно, неупадливо, совршено

Точка

07/02/2023

20:17

6.918

Големина на фонт

а а а

Во познатото кино „Regency Village“ во Лос Анџелес се одржа светската премиера на филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“.

Ова е трет филм од Марвеловата франшиза за суперхеројот Ент-Мен, кој го глуми Пол Рад. Мишел Фајфер во филмот ја репризира улогата на Џенет ван Дајн, која дебитираше во второто продолжение од франшизата.

Обожуваната 64-годишна актерка се појавила на премиерата со остатокот од филмската екипа и заблескала во едноставно, но истовремено многу впечатливо издание.

Нејзините колешки од филмот, Кетрин Њутон и Еванџелин Лили одбрале многу гламурозни фустани за премиерата.


Кетрин буквално блескала во креација на модната куќа „Rodarte“, украсена со ситни стакленца, а Еванџелин на црвениот тепих се појавила во грандиозен фустан на „Giambattista Valli“ украсен со перја.


Од друга страна, Мишел за себе одбрала неутрална креација на модната куќа „Yves Saint Laurent“ од колекцијата за пролет/лето 2023 година. Црната креација со долги ракави и висок околувратник била максимално децентна, но токму затоа и се истакнала на црвениот тепих.


Ефектните парчиња златен накит биле единствениот додаток на ова издание на славната актерка. Предимензионираните нараквици и кружните обетки совршено се надополнувале со неупадливиот фустан.

Според мислењето на многумина на социјалните мрежи, Фајфер изгледала подобро од своите помлади колешки на кои уште еднаш им ја одржала старата модна лекција: помалку е повеќе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг