(Фото/Видео) Бесконечниот тунел од книги – една од омилените атракции во главниот град на Чешка

Точка

07/02/2023

14:10

17.339

Големина на фонт

а а а

Главниот град на Чешка, Прага, е познат по многу работи како што се Астролошкиот часовник, пивото или Карловиот мост. А дали знаевте дека во градот што лежи на реката Влтава има и интересен тунел од книги?

Јасно е дека ретко кој би вклучил посета на Градската библиотека во списокот на задолжителни работи за гледање, но верувајте дека тоа не е воопшто лоша идеја.

Во продолжение дознајте повеќе интересни факти за овој впечатлив тунел, пишува „LivingPrague“.

Овој тунел се нарекува „Идиом“ или „Колона на знаењето“, постои од 1998 година, содржи 8.000 книги и е дело на словачкиот уметник Матеј Крен. Сите тие книги се или донирани или спасени од депониите.


Употребата на книги како градежен материјал е нешто што често се поврзува со овој уметник кој живее и работи во Прага.

Дупката во форма на солза се наоѓа на предната страна на столбот и е висока повеќе од два метри. Во внатрешноста на столбот, и таванот и основата се пресликуваат за да се зголеми чувството за бесконечен простор. Кога ќе влезете во тунелот, се добива впечаток дека е бесконечен. Чудно, никогаш не е откриено што го држи спојувањето на книгите.


Брат близнак во Бразил

Оригиналниот „Идиом“ се појавил во 1995 година во Сао Паоло. Изгледал доста слично, а бил и пократок поради ограничувањето на висината на таванот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг