Дронски снимки од хоророт во Турција и Сирија – сè е срамнето со земја! Морничави сцени по земјотресот: „Како воена зона“

Точка

07/02/2023

15:35

3.177

Големина на фонт

а а а

Разорен земјотрес ја погоди јужна Турција, однесе неколку илјади животи и овој дел од земјата го остави во рушевини, а се појавија дронски снимки кои прикажуваат колкава штета е направена.

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300. Илјадници луѓе беа повредени во земјотресите, а илјадници останаа без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Сè уште е во тек големата спасувачка операција. Студеното време ја отежнува потрагата по преживеани. Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоистокот од земјата, на околу 60 километри од границата со Сирија. Следеа десетици послаби земјотреси, а во попладневните часови се случи уште еден со магнитуда од 7,5 степени, исто така во југоисточна Турција.

Градови во Турција и Сирија беа срамнети со земја. Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона. Тешко погодени се и Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис. Целосно срамнети со земја беа и градови во Сирија.

Повеќе од 4,5 милиони луѓе живеат во област погодена од земјотресот и претходно тешко уништена од војна. Провинцијата Идлиб беше најтешко погодена.

„Најпрво мислев дека хеликоптери фрлаат бомби. Се разбудив и отидов да го земам син ми“, вели Исмаил Алабдула (36), волонтер за спасување од селото Сармада.

„Навикнати сме да извлекуваме луѓе од урнатините, но ова е поинаку. Толку многу луѓе сè уште се заглавени и умираат затоа што немаме доволно опрема да ги извлечеме сите. Не остана ништо, буквално ништо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг