Може ли оваа песна да победи на овогодишната Евровизија? Таа апсолутно завладеа на „ТикТок“...

Точка

07/02/2023

10:44

8.641

Големина на фонт

а а а

Норвешка на Евровизија 2023 во Ливерпул ќе ја претставува пејачката Алесандра со песната „Queen of Kings“.

Италијанско-норвешката пејачка победи на норвешката верзија „Dore, Melodi Grand Prix“ со песната која веќе се искачува на врвот на музичките листи, особено на „Spotify“.

„Queen of Kings“ го зазеде седмото место на обложувалниците за Евровизија, а за истата најмногу се зборува и на ТикТок, каде песната станала хит.


Луѓето коментираат: „Дефинитивно победничка“

На профилот на корисникот „Passione Eurovision“ објавен е исечок од песната на Александра, а видеото за еден ден било погледнато 2,5 милиони пати. Во коментарите луѓето ги пишувале своите впечатоци и многумина биле воодушевени од норвешката претставничка и ѝ предвидуваат победа.

„Песната ми се појави на Spotify пред некој ден и од тогаш само ја слушам“, „Ова е баш за на Евровизија, ми се допаѓа“, „Дами и господа, еве ја победничката на Евровизија 2023 година“, „Дефинитивно победничка, ја слушам петти пат денес“, „Не го очекував ова, песната е предобра“, се само дел од коментарите.

Која е Алесандра?

Музичарката Алесандра Мале е со италијанско и норвешко потекло. Оваа 20-годишна девојка поголемиот дел од животот го поминала во Италија, но по завршеното средно училиште одлучила да живее во Норвешка. Моментално оди во музичкото училиште „LIMPI“ и живее во Лилехамер.


Инаку, интересно е тоа што Норвешка досега била најнеуспешната земја во историјата на натпреварувањето. Таа на дното од листата можела се најде дури 11 пати. Норвежаните последни на листата биле во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001. А, победила 3 пати, 1985, 1995 и 2009 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг