(Видео) Камерите „уловиле“ непријатен момент меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек: Читач од усни открил што му рекла пејачката, а сите се убедени дека нивниот брак е пред крај

Точка

07/02/2023

22:54

25.221

Големина на фонт

а а а

На доделувањето на „Греми“ наградите Бен Афлек привлекол најмногу внимание, но не онакво какво што сакала неговата Џенифер Лопез – напротив.

Џенифер Лопез не можела да издржи повеќе, па го повлекла Бен Афлек и му рекла малку да се потруди, додека сите го забележале неговиот мрзелив и без волја израз на лицето.

Пејачката и актерка сигурно не очекувала дека камерите сето тоа ќе го снимат, па кога се свртела кон сопругот којшто се обидел да ја бакне му рекла:

„Прекини. Биди попристапен. Изгледај мотивирано“.

Бен на тоа ѝ одговорил:

„Би можел“.

Џенифер потоа се свртела кон парот којшто седел до неа и се насмеала кога Бен ѝ кажал некој вид на шега.

Дека во нивниот брак имаат проблеми е веста која со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Уште од кога светот го обиколија фотографиите од нивниот меден месец на кој Бен спие и има крајно мрзелив израз на лицето, започнаа шпекулациите дека овој пар не е среќен во нивниот брак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг