Меки, сочни, вкусни со јак чоколаден вкус, овие мафини ќе станат ваши омилени и затоа што се прават лесно.
Најбрзиот и наједноставен начин да се засладите се овие домашни мафини кои се навистина вкусни.
Нема проблем, сè што е потребно е да помешате две состојки и потоа да ги направите овие преслатки мафини кои сите ќе ги обожуваат.
Состојки:
- 2 жолти и зрели банани;
- 150 грама темно чоколадо.
Ставете ги бананите во блендер додека не добиете фина и хомогена густа смеса. Потоа стопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка и помешајте со банана. Потоа прелијте ја смесата во калап за мафини и оставете да отстои околу 30 минути во фрижидер.
По желба може да украсите со шарени трошки, кокосово брашно, сечкани бадеми...
Погледнете ја подготовката во видеото:
Пријатно јадење!