Гејтс го критикува Маск: Му порача дека е подобро парите да ги троши на вакцини, наместо на ракети со кои сака да оди Марс

Точка

06/02/2023

13:37

8.585

Големина на фонт

а а а

Во едно интервју Гејтс одговарал на прашања за Илон Маск, со кој, како што е добро познато, не е во најдобри односи.

Познато е дека односот на Илон Маск и Бил Гејтс не е идеален, дека меѓу нив владее тензија. Маск го обвини Гејтс дека се обложил на пад на акциите на „Tesla“, а не му го заборавил ни тоа што, при одлуката за купување на електричен автомобил, се одлучил за „Porsche Taycan“, а не за „Tesla“ па во свој стил преку „Twitter“ еднаш објавил и навредлива фотографија од Гејтс која подоцна ја избришал.

Бил Гејтс минатата недела дал интервју за „BBC“ во кое, меѓу другото, зборувал и за Маск, односно одговорил на прашањето дали смета дека Маск е филантроп, на што дал негативен одговор. Но, нагласил дека тоа во иднина може да се примени, со акцент дека работите како „Tesla“ имаат позитивно влијание, иако тоа не е филантропија.


Исто така, во интервјуто се зборувала и за визијата на Маск за Марс, односно неговата колонизација. „SpaceX“ дури и подготвува ракета со која сака да оди таму каде што сè уште не сме биле, односно верува дека со „Starlink“ еднаш во иднината би можел да прати луѓе на Марс. Пред тоа патување се бројни предизвици и ќе минат уште многу години, ако не и децении. За остварување на оваа мисија ќе биде потребно да се вложат многу пари, десетици, ако не и стотици милијарди долари.

Но, ако го прашувате Бил Гејтс, постојат многу подобри и покорисни за човештвото начини на кои може да се трошат пари и за кои Маск би можел да размисли. Наместо да троши милијарди на освојување на Марс, тие пари би можел да ги даде за развој на вакцини. Можете да купите вакцини против мали сипаници и да спасите животи, вели Гејтс.


Тоа на некој начин те приземјува. Не оди на Марс, му порачал Гејтс.

Потсетуваме, Гејтс преку својата организација која ја основал со поранешната сопруга Мелинда досега потрошил милијарди долари на развој на вакцини, а бил и многу активен за време на пикот на коронавирусот, поради што многумина го нарекувале главен виновник за пандемијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг