„Оние кои до вчера го плукаа, сега му го бакнуваат задникот“: Еден од најголемите тенисери некогаш испрати брутална порака до критичарите на Ѓоковиќ

Точка

04/02/2023

17:00

8.623

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски тенисер Џими Конорс зборувал за критичарите на Новак Ѓоковиќ.

Конорс се осврнал на периодот кога многумина „удрија“ по српскиот тенисер поради неговите лични ставови.

За потсетување, поради одлуката да не прими вакцина против коронавирус, Новак остана вез виза и беше депортиран од Австралија, а освен на Австралија опен, не можеше да игра ни на голем број турнири во текот на изминатата сезона.

„Човекот остана доследен на своите убедувања, без разлика дали се исправни или погрешни. И беше подготвен да ја плати цената за тоа, во ниту еден момент не се повлече. Беше подготвен и да го исфрлат од тенисот, што беше брутално сценарио“, изјавил Конорс во поткастот „Advantage Connors“.

70-годишниот Американец, освојувач на 8 Гренд слем титули и вкупно 109 трофеи, додал дека многумина преку ноќ го промениле своето мислење.

„Можам да се идентификувам со Новак бидејќи и јас бев отстранет од Ролан Гарос. Сега некој ќе каже дека зборувам вака бидејќи сум бесен. Но, не сум бесен. Само знам дека многумина кои до вчера најмногу плукаа по Ѓоковиќ, сега му го бакнуваат задникот. Сите по ред“, вели Конорс.


Неговиот син Брет го поддржал таквото мислење.

„Секој човек кој до вчера ви зборувал дека Ѓоковиќ е ужасен човек, дека е ѓубре, сега вели: ‘Јас сум кажал нешто такво? Нема шанси’. Сите се вртат онака како што ветрот дува. А Новак никогаш не размислувал на тој начин. Тој е образован човек кој на глас вели: ‘Мое тело, мое здравје. Јас сум спортист, живеам од своето тело’. А го третираа како лудак“, смета Брет Конорс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг