„Razer“ го претстави своето најлесно гејмерско глувче досега

Точка

04/02/2023

16:33

8.848

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Razer“ го претстави најлесното компјутерско глувче за гејмери во својата историја.

Глувчето наречено „Viper Mini Signature Edition“ тежи само 49 грама, што значи дека е 16 отсто полесно од моделот „Viper V2 Pro“.

Егзоскелетот на глувчето е направен од легура на магнезиум со полушуплива внатрешност и има мала сличност со глувчето „SteelSeries Aerox 3 Wireless“.

„Сакавме да го надминеме традиционалниот дизајн на саќе, а тоа бараше материјал со врвен сооднос на цврстина и тежина. Откако ја проценивме пластиката, јаглеродните влакна и титаниумот, на крајот избравме легура на магнезиум поради нејзините одлични својства“, вели Чарли Болтон, шеф на одделот за индустриски дизајн во „Razer“.

Од компанијата велат дека глувчето ја користи нејзината најбрза безжична технологија и спаѓа во групата безжични глувчиња со најдобри перформанси.


Глувчето поседува оптички сензор „Razer Focus Pro 30K“, оптички прекинувач „Gen-3“ и „HyperPolling Wireless“ технологија со „polling rate“ од 4.000 Hz. „Polling rate“ е брзината на комуникација помеѓу глувчето и компјутерот, односно колку често глувчето го известува компјутерот за својата позиција.

Батеријата на новото глувче трае до 60 часа, а за целосно полнење преку USB-C портот се потребни помалку од 90 минути.

Продажбата на „Viper Mini Signature Edition“ започна на 1-ви февруари преку веб-страницата на „Razer“, а истото чини 280 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг