Вистинско чоколадно уживање: За овој колач ви се потребни само 2 состојки и половина час печење

Точка

04/02/2023

16:02

12.040

Големина на фонт

а а а

Освен за одмор, викендот може да се искористи и за готвење и подготовка на омилената храна и десерти.

Но, доколку не сте вешти во кујната, ви претставуваме рецепт за чоколаден колач за кој ви се потребни само 2 состојки.

Колачот се подготвува за само неколку минути и се пече половина час во рерна, па затоа е идеален и доколку ве изненадат ненајавени гости.

Потребни состојки:

- 4 јајца
- 250 гр. чоколадо


Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка додека целосно не се растопи.

Одвојте ги жолчките од белките. Со миксер матете ги белките додека не добиете цврст шлаг. Постепено додавајте ги жолчките во растопеното чоколадо и добро промешајте.

Во смесата со чоколадо и жолчки, додавајте ги белките лажица по лажица и внимателно мешајте. Вака подготвената смеса ставете ја во претходно намастен калап и печете половина час.

По печењето оставете го колачот да се излади и по желба украсете со шлаг, овошје или сладолед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг