Почина легендарниот шпански дизајнер Пако Рабан

Точка

03/02/2023

16:37

6.694

Големина на фонт

а а а

На 88-годишна возраст почина познатиот шпански дизајнер Пако Рабан.

Тој починал во неговиот дом во Франција, а веста ја објави шпанската групација „Puig“, во чија сопственост е модната и парфемската куќа „Paco Rabanne“.

„Кој друг би можел да ги натера модерните парижанки да купуваат фустани од метал и пластика? Кој освен Пако Рабан би можел да замисли мирис наречен ‘Calandre’, што е збор од автомобилската индустрија, и да го претвори во икона на модерната женственост?“, изјавил Хозе Мануел Албеса, претседател на одделот за мода и убавина на „Puig“.


„Тој радикален, бунтовнички дух го издвојуваше од останатите. Постои само еден Рабан. Со неговата смрт повторно се потсетуваме на неговото огромно влијание на современата мода, но и духот кој и понатаму живее во куќата која го носи неговото име“, заклучил Албеса.

Рабан, кој стекна меѓународна слава во 60-те години на минатиот век, се повлече од модата во 1999 година и ретко се појавуваше во јавноста.

Од легендарниот дизајнер се опростија и бројни имиња од модната индустрија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг