„Туристи, вратете се“: Хонг Конг нуди 500.000 бесплатни авионски билети за туристи од целиот свет

Точка

03/02/2023

18:00

18.659

Големина на фонт

а а а

Со цел да го оживеат туризмот и да ги поттикнат посетителите да дојдат, властите во Хонг Конг одлучиле да поделат 500.000 бесплатни авионски билети. Иницијативата „Hello Hong Kong“ е лансирана неодамна, но на неа се работи повеќе од две години.

Патувањето во Хонг Конг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Строгите карантини, кои кулминираа со 21 ден изолација и барањата за повеќекратни PCR тестови, ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонг Конг.


„Билетите ќе бидат дистрибуирани меѓу три авиокомпании: водечкиот авиопревозник Cathay Pacific, HK Express и Hongkong Airlines. Овие 500.000 билети чинат речиси 255 милиони долари. Патниците кои сакаат да патуваат во Хонг Конг бесплатно можат да ја посетат веб-страницата World of Winners, почнувајќи од 1 март за да ги внесат своите информации за лотаријата“, пишува Си-Ен-Ен и додава дека билетите ќе се делат во три бранови: од 1 март до патниците низ Југоисточна Азија, од 1 април до оние кои живеат во Кина и од 1 мај до жителите на остатокот од светот.


Многу работи се променија во Хонг Конг во последните две години. Некои омилени локални атракции, како што е пловечкиот ресторан Jumbo Kingdom, се трајно затворени. Други, како познатиот трамвај Peak, беа реновирани за време на пандемијата.


Пред пандемијата, Хонг Конг имаше 56 милиони посетители годишно, а до 2022 година тој број се намалил на околу 100.000. Властите се надеваат дека бесплатните билети би можеле да ја подобрат туристичката ситуација во Хонг Конг и да ги наведат патниците да го вратат на листата на омилени дестинации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг