(Видео) „Плачам, ова е толку убаво“: Старец секојдневно во исто време стои на ова место – причината нема да ве остави рамнодушни

Точка

03/02/2023

17:00

27.900

Големина на фонт

а а а

Еден ТикТок корисник со следбениците споделил што прави неговиот сосед секој ден во исто време и воодушевил милиони луѓе ширум светот.

По неколку години брак, многу двојки за жал сметаат дека бракот е „притисок“ во кој завршиле поради нивната заљубеност и занес.

Иако повеќето ќе замавнат со рака или ќе превртат со очите кога ќе им кажете дека љубовта и страста секогаш треба да постојат и дека токму тоа го одвојува партнерството од, на пример, пријателството, тоа е навистина единствената вистина.

Излегува дека исклучоците што го потврдуваат правилото се оние парови кои имаат врски и бракови во кои љубовта меѓу партнерите не престанала и по неколку години.

Дека такво нешто навистина постои, како и тоа дека и во подоцнежните години некои мажи можат да бидат ‘шмекери’, покажува и ова ТикТок видео.


Имено, еден корисник на таа популарна социјална мрежа го снимил соседот низ прозорецот од својот стан како посветено стои на тротоарот и чека нешто или некого. Во еден момент можете да видите како старецот одеднаш почнува да се движи кон некој со лесни, танцувачки чекори и ентузијастички мавтајќи со рацете.

Иако некои корисници најпрво би помислиле дека нешто не е во ред со мажот, сепак, овој господин точно знае каде оди. Неговата сопруга дошла да го пречека, а задоволството што ја видел покрај него очигледно не престанало и после толку години. Ја прегрнал со насмевка како да ја гледа по неколку години.

Посебно интересен е фактот дека господинот го прави тоа секојдневно, а Тиктокерот тоа го навел во видеото.

Целата љубов и среќа на парот се прикажани во неколку секунди во видео кое има повеќе од 1 милион прегледи, а ТикТок корисниците се воодушевени.

„Ова или ништо“, „Сè би дал за ваква љубов“, „Ова е чиста љубов и почит“, „Плачам, ова е толку убаво“, „Така изгледа среќата кога си со сродната душа“, се дел од коментарите под видеото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг