(Фото/Видео) Хаос пред почеток на ревијата – ќерката на Мадона јавно посрамена

Точка

03/02/2023

14:00

7.257

Големина на фонт

а а а

Неодамна во Њујорк се одржа ревијата на Марк Џејкобс, а на модната ревија присуствувале ѕвезди од различни сфери на уметноста.

Меѓутоа, ќерката на Мадона, Лордес Леон, иако сакала да биде дел од јавниот свет таа посебна вечер, не ѝ бил дозволен пристап.

Како што пренесува „Дејли мејл“, Лордес Леон била одбиена од страна на обезбедувањето пред самиот влез на ревијата, а причината за тоа, како што пишува споменатиот медиум, било доцното доаѓање на младата инфлуенсерка.

Видео материјалот од целокупната случка се прошири на социјалните мрежи, а многу Твитер корисници биле шокирани од постапката на вработените на ревијата. Овој потег го карактеризирале како јавно срамење на ќерката на Мадона.

„Ова е ќерката на Мадона, зарем тоа не е доволно за да ја пуштите да влезе?“, гласи описот на видеото кое се појави на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг