На скандалите им нема крај: Чарлс сака да му прости на помалиот син, Вилијам не му дозволува да „спушти топка“

Точка

03/02/2023

12:45

3.899

Големина на фонт

а а а

Според британските медиуми, кралот Чарлс Трети, го замолил надбискупот Џастин Велби да биде посредник за да му дозволи на неговиот помлад син, принцот Хари, и неговата сопруга Меган Маркл, да дојдат на свечената церемонија на крунисување што ќе се одржи во Вестминстерската опатија.

Меѓутоа, неговиот постар син, принцот Вилијам, наводно се спротивставува на идејата и верува дека двојката доаѓањето ќе го искористи за нивна промоција и „нови пет минути слава“.


Извори за британските таблоиди тврдат дека кралот е убеден дека отсуството на Меган и Хари ќе направи повеќе штета отколку нивното присуство.

Вилијам наводно не се согласува со својот татко и смета дека посетата на неговиот брат и Меган треба детално да се испланира, бидејќи во спротивно тие ќе направат некои работи за да бидат во центарот на вниманието.


Извори блиски до кралското семејство велат дека на Хари може да му биде понудена функција од висок профил во опатијата или неформална гаранција дека ќе можат да ги задржи своите титули како мотивација за учество.

„Семејството е поделено, и сите индикации се дека на Хари му се советува да не се согласува на ништо во оваа фаза до последен момент, што го отежнува преговарањето со него. Иако тој може во одреден момент да одлучи да ги отфрли своите титули по своја волја, тој се спротивставува на идејата тие насилно да му бидат одземени“, вели извор за британските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг