(Видео) Полиција околу Св. Спас: Пристап до гробот на Гоце Делчев имаат само лица со дозвола

Макфакс

03/02/2023

12:04

2.898

Големина на фонт

а а а

Полициско обезбедување на улицата „Самоилова“ има и утринава, а во пресрет на утрешното чествување на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Околу местото кружат и полициски патроли, бидејќи утрешниот настан е проценет како од висок ризик. Затворањето на Самоилова се протега на потегот од улицата Иљо Војвода (виадукт Самоилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчински.

Пристапот до црквата Свети Спас ќе биде дополнително ограничен во текот на утрешниот ден. Пристап ќе имаат акредитирани новинари и лица кои ќе имаат дозвола, а настанот ќе се одвива по строг протокол. Веќе е познато дека МВР според безбедносна проценка ќе запира и Бугари кои ќе сакаат да влезат во Македонија, а претставуваат ризик за нашата држава.

На одбележувањето, навивачката група „Комити“ повика да се одбрани Гоце Делчев. Присуство најавија бугарски делегации бидејќи чествувањето ќе биде заедничко. Европратеникот Ангел Џамбаски кој го негира постоењето на македонскиот народ исто така најави дека ќе дојде на гробот во Свети Спас.

Во измнатите два дена, претседатели на одредени политички партии и претседатели граѓански патриотски здруженија биле повикувани на разговор во полициска станица, а поводот бил чествувањето на на раѓањето на Гоце Делчев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг