Чекаше и дочека: Најпријатното изненадување во стартниот тим на Анчелоти доби стоечки овации од „Бернабеу“

Дерби

03/02/2023

10:09

2.316

Големина на фонт

а а а

Дани Себалјос долго ја чекаше својата шанса и професионално работеше од самиот старт на сезоната, но кога конечно ја дочека истата, сега максимално ја користи секоја минута која ја добива на теренот.

Шпанскиот играч за врска е најпријатно изненадување во стартната постава на Реал на последните неколку меча и заслужено се избори за таков статус, а со своите изданија полека ја добива и љубовта од навивачите на „кралскиот клуб“ кои знаат да препознаат квалитет.

Дани Себалјос самиот истакна дека се бори за нов договор и клучни за тоа дали ќе го добие ќе бидат неговите изданија, а синоќа цел „Сантијаго Бернабеу“ испрати јасна порака до Флорентино Перез.

Себалјос доби стоечки овации на натпреварот против Валенсија и доби огромна поддршка од навивачите на Реал, за што знаеше да се заблагодари преку социјалните мрежи.

– Ви благодарам мадридисти, – порача Дани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг