Рита Ора продолжила да доминира во Њујорк, а пејачката облекла осум различни модни комбинации во рок од 24 часа, додека го промовирала својот нов сингл. Меѓутоа, една од нив привлекла најголемо внимание.
Имено, пејачката прошетала по проѕирни чипкани панталони и црн топ којшто ги открил нејзините стомачни мускули. Над топот таа носела кратка, црна јакна.
Британската пејачка со албанско потекло во последно време за појавување на јавни настани главно бира проѕирни модни парчиња, а тоа било случај и на забавата која се случила неодамна.
Рита се погрижила сите погледи да бидат насочени кон неа додека сигурно чекорела низ градот во своите проѕирни панталони под кои се гледале гаќичките.
Пејачката на хитот „How To Be Lonely“ исто така носела долги, црни чизми и црна јакна, а целиот тој изглед го надополнила со сребрено ланче.
Носејќи лесна и нежна палета на шминка, ѕвездата својата коса ја стилизирала во обемни локни кои одлично се вклопувале во целокупниот изглед.
Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација на Рита Ора?