(Видео) На натпревар ја пуштиле одмаздничката песна на Шакира: Додека публиката пеела на цел глас, Пике сакал да пропадне во земја

Точка

03/02/2023

23:47

15.108

Големина на фонт

а а а

Шакира и Пике вчера го славеа својот роденден, таа 46 години тој 36. И, додека сите со нетрпение очекуваат да дознаат дали навистина Шакира како роденденски подарок подготвува уште една одмаздничка песна за поранешниот партнер, на интернет кружи видео од славниот фудбалер како на трибините, видно засрамен ја слуша песната во која Шакира го навредува до максимум.

Сите очи на присутните на еден НБА натпревар, на кој е направено видеото биле насочени кон Пике во тој момент, а луѓето пееле на цел глас, но сепак Пике успеал да остане „имун“ на текстот во кој пејачката алудира дека тој е прељубник.

Ова видео дефинитивно предизвикало бурни реакции на твитер, а под описот на видеото пишува: Количината на серотонин која ова видео му ја дава, аххх...“.

Имало и коментари кои гласат: „Од утре секое утро ќе го пуштам ова за добар почеток на денот“.

Иако многумина на почетокот се посомневале дека видеото е монтажа, се докажало дека истото е реално и оригинално, а јасно се слуша и публиката која на цел глас ги пее стиховите во кои директно се прозива фудбалерот дека „заменил ролекс со касио, ферари со твинго“, како и дека „таа вреди за две, 22-годишни девојки“.

Инаку, Шакира, како што наведуваат светските медиуми, подготвува уште една одмазда за популарниот фудбалер. Овојпат ја инспирирала пејачката Мајли Сајрус која на поранешниoт сопруг Лиам Хемсфорт на неговиот 33-годишен роденден ја објави песната „Flowers“ и му ја „подари“.

На новата песна која ќе биде роденденски подарок за Пике, Шакира соработувала со колумбиската ѕвезда Карол Г., а спотот го снимиле за само два дена, работејќи по 15 часа дневно за се да биде подготвено навреме.


Да ве потсетиме, на Шакира многу ѝ пречи новата врска на Пике со 23-годишната Клара Чиа Марти која претходно работела на неговата кампања, но Пике на сите им даде до знаење дека тој нема намера да ја крие новата врска, па така неодамна објавил заедничка „заљубена фотографија“ со новата избраничка на својот Инстаграм профил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг