Адел се расплакала среде концерт поради фотографија која ја покажал еден маж од публиката

Точка

02/02/2023

17:00

4.703

Големина на фонт

а а а

Адел се расплакала во текот на својот последен концерт во Лас Вегас бидејќи еден обожавател од публиката покажал фотографија од својата покојна сопруга.

34-годишната пејачка по тоа му ја посветила и му ја отпеала својата популарна песна „Someone Like You“.

„Тука помеѓу публиката е еден човек, го гледате како го држи телефонот во воздух? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека таа не е тука, тоа многу ме трогна. Не сфатив што ми покажуваш сè додека не се качив на сцената и многу, многу ми е жал поради твојата загуба“, му порачала Адел низ солзи.

Неодамна уште една обожавателка ја расплака Адел. 33-годишната Ребека Феинглос неодамна се развела и одлучила да го прослави тој настан така што отпатувала со пријателките за Лас Вегас, а целата приказна ја споделила на својот ТикТок профил.

На концертот на Адел држела лист хартија на кој пишувало: „Ми помогна да пројдам низ мојот развод“.

На видеото се гледа и како Ребека ѝ објаснува на Адел зошто е тука на концертот.

„Го обожувам тоа!“, рекла Адел, која потоа се расплакала на сцената.

„Тоа што си ги довела пријателките многу ме трогна“, а потоа ѝ се обратила на публиката со важен совет.

„Чувајте ги вашите пријатели бидејќи тие се подобри од било кој маж и било која жена. Вашите пријатели се со вас за цел живот“, рекла Адел пред публиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг