(Видео) Кристина Димитријевска за новиот брак на Кајмакоски: „Нашла крпа закрпа“

Точка

02/02/2023

11:34

12.475

Големина на фонт

а а а

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски , победник на првата сезона на шоуто на таленти „Х – Фактор Адриа“ и евровизиски претставник во 2015 година во Виена, откри дека се венча со неговата сакана, чие име не се открива, а засега не е познато дали двојката направила свадба.

Со објава на Инстаграм стори, Даниел Кајмакоски сподели дека стапил во брак со неговата сакана. Тој ги сподели првите заеднички фотки со неа во септември минатата година. Околу еден месец подоцна, тој сподели уште една објава, а во описот истакна: „Ти си сè она што некогаш сум го барал“.

Поп пејачот во 2019 по три години брак се разведе од манекенката Кристина Димитријевска со кого го има синот Давид.

Кајмакоски, во 2016, победи во третата сезона на познатото балканско шоу „Твое лице звучи познато“. Родум од Мислешево, Струшко, поголемиот дел од детството и младоста со родителите живеел во Виена.

„Бекстејџ“ ја покани Кристина со цел ги дознаат одговорите за кои долго молчеше, а се поврзани со Кајмакоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг