Инстаграм приказна на Христина Ѓорѓиева: „Го нацртав Lost Frequencies и отидов на концерт во Охрид со надеж дека лично ќе му го дадам цртежот – сонот ми се оствари“

Точка

02/02/2023

23:55

6.683

Големина на фонт

а а а

Денешниот интересен, креативен и посебен инстаграм лик којшто ќе Ви го претставиме е девојка која навистина се издвојува со своите содржини кои ги објавува и е уникатна во тоа што го прави.

Инстаграм приказната на 20-годишната Христина Ѓорѓиева е она со кое ќе се потрудиме да го привлечеме вашето внимание денес. Оваа млада девојка од Кочани која е инспирација самата по себе е уметник во секоја смисла на зборот.

Таа 12 години живеела во Црна Гора со своите родители, а токму таму завршила уметничко училиште за сликар, додека моментално студира во Скопје – моден дизајн.

„Пораснав во уметничко семејство во кое мајка ми е сликар, а татко ми огромен вљубеник во модата. Заради нив и љубовта која ми ја пружија денеска сум личноста која ја гледате“, вели Христина.

Што се однесува до инспирацијата која ја црпи за своите уметнички дела кои ги слика, но и модата, младата девојка вели: „Инспирација црпам од необичните работи. „Dark“ академија, 90-тите, маестралните сликари како Леонардо да Винчи и Микеланџело, митологијата... Тоа сакам да го покажам пред оние кои секојдневно ме следат на социјалните мрежи и да бидам најдобрата верзија од себе. Секој од нас е убав и уникатен на свој начин и треба да прифатиме такви какви што сме зошто светот за жал е многу суров“.

Да ја запознаеме младата уметница низ 5 нејзини фотографии на Инстаграм:

1. „Мојот најголем успех, а и најомилена слика. Јас сум голем фан на реализмот и старите барокни и ренесансни уметници кои имаат голема улога во креирањето на мојот стил во уметноста којшто го имам. Оваа слика е поголема од мене и кога ја завршив едноставно бев воодушевена од сама себе бидејќи сфатив колку далеку мојот талент може да оди. Луѓето ме знаат како личност која не знае за граници“.

2. „Ова веројатно е мојата најомилена фотографија, а воедно и момент. На охридски фестивал во 2022 година кога ми се оствари долгоочекуваниот сон да го запознам мојот омилен музички продуцент „Lost Frequencies“. Одлучив да го нацртам и отидов со голема надеж дека ќе бидам забележана од негова страна и ќе му го дадам лично цртежот. Чувството беше неописливо“.

3. „Црната боја е моја боја. Ниту една боја не ме прави да бидат толку самоуверена како што може таа. Се чувствувам моќно, чекорам со крената глава и знам која сум и што сум, едноставно со енергијата која ја имам во себе привлекувам внимание. Луѓето ме знаат како личност која знае што носи и како го носи тоа, во стилот – „да, тоа е таа“.

4. „Жена која знае да биде самоуверена е нешто што отсекогаш ми привлекува внимание. Ми дава карактер на смела и јака личност. Мојот омилен „аутфит“ за секој ден се кожните панталони и „oversize“ бундата. Важно е да се чувствувате самоуверено во своја кожа драги мои дами!“.

5. „Обожувам кога има сонце, ме прави среќна, енергична... Фустанчињата, беретките и елегантните високи потпетици ми се едни од омилените избори за мојот секојдневен изглед. Смело, а сепак необично и слатко е сосема доволно за да привлечете внимание на улица. Ми текнува дека овој ден еден уличен фотограф ме забележа и ме фотографира, би сакала да знам каде заврши таа фотографија“.

Автор: М. Нестороска



Спонзорирани линкови

Маркетинг