„Џен, ништо не пиев“: Видеото од правдањето на Афлек пред Џеј Ло стана хит на ТикТок

Точка

01/02/2023

23:49

20.328

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек и Џенифер Лопез неодамна присуствувале на забава по повод премиерата на нејзиниот нов филм „Shotgun Wedding“, а видеото од неговото правдање пред сопругата дека ништо не пиел стана хит на ТикТок.

Видеото кое е погледнато 5 милиони пати го прикажува Бен како ѝ гестикулира со раката на Џеј Ло, покажувајќи ѝ дека ништо не пиел, додека пејачката му упатува строг поглед.

„Џен, ништо не пиев, добро?“, се пошегувал Тиктокерот кој го објавил видеото, а кое има повеќе од 180.000 лајкови.

„Проблеми во рајот“, „Можеби Џен пие од неговата чаша за да провери дали има алкохол во пијалакот“, „Бен изгледа навистина преплашено“, се дел од коментарите под снимката.


За потсетување, славниот актер во минатото се лекуваше од алкохолизам, а кога го допре дното, неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер го одведе на рехабилитација. Уште од минатото лето се зборува дека тогаш новопечениот пар има проблеми поради неговата зависност, но ваквите шпекулации не беа потврдени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг