Овие три апликации измамиле 20 милиони луѓе! Дали сте ги користеле?

Точка

01/02/2023

14:31

7.645

Големина на фонт

а а а

Најновиот извештај разоткрил три апликации кои ги измамиле своите корисници и им сервирале голем број на реклами.

Сите сакаме да пронајдеме брз и лесен начин да заработиме пари од страна. Уште и ако таквата заработка вклучува некоја здрава активност, тогаш станува збор за целосен погодок.

Меѓутоа, ретко кога се утврдува дека нешто што на брз и едноставен начин носи резултати, може да биде реално. Токму тоа го покажува извештајот на произведувачот на антивирусниот софтвер „Dr. Web“.


Во извештајот кој го објави „Dr. Web“ креатор на софтвер за отстранување на вируси, на „Google Play“ продавницата постојат три такви апликации кои се преземени повеќе од 20 милиони пати:

1. Lucky Step-Walking Tracker – повеќе 10 милиони преземања

2. WalkingJoy – преку 5 милиони преземања

3. Lucky Habit: health tracker – преку 5 милиони преземања


Сите три апликации функционираат на истиот принцип – на корисниците им даваат виртуелна валута по извршување на одредени задачи. Тоа може да биде преминување на одредена дистанца, стекнување на здрави навики или нешто друго, а тие валути подоцна можат да се заменат за вистински пари. Доколку корисниците не сакат да работат на задачи, имаат можност да гледаат реклами.

Но, и по гледањето на низа реклами, апликациите прикажуваат уште реклами, наводно за да се забрза процесот за преземање на награди. Апликациите не верификуваат ниеден од податоците во врска со плаќањето кои ги дале корисниците, така што шансите дека тие нешто ќе заработат од гледање реклами се многу мали.


Доколку имате некои од наведените апликации на својот „Android“ телефон, веднаш избришете ги и задолжително скенирајте го уредот со некој антивирусен програм за да избегнете било какви проблеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг