Требаше да произведат револуционерен соларен електричен автомобил, а сега банкротираа

Точка

31/01/2023

16:10

9.627

Големина на фонт

а а а

Тажен крај за компанијата која имаше за цел со иновации да го зголеми досегот на просечниот електричен автомобил до 100 проценти.

Наместо револуционерен автомобил, ништо од старт на производството. „Lightyear“ многу веројатно оди во стечај, а неговите 600 вработени на берза. Како што потврдил стечајниот управник Реино ван Оеијен за „NL Times“, под-марката на „Lightyear“, „Atlas Technologies“ банкротирала, а тоа значи и банкрот за произведувачот на автомобили.

Освен бројните откази, се стопира и развојот на другиот модел „Lightyear 2“, кој ќе биде предмет на разговор за идна соработка со потенцијални партнери како што е „VDL“, сопственик на „NedCar“ фабриката за автомобили. Иако производството на овој модел не започнало и не е отворена листа на нарачки,бројни лизинг компании покажале интерес.


„И пред стечајот компанијата со разни страни разговараше за соработка. Наидов и на „VDL“. Поради тоа очигледен чекор е да се започнат разговори токму со нив“, рекол Ван Оеијен, кој нагласил дека неколку заинтересирани страни веќе се идентификувани како кандидати за преземање. „Тоа што ќе го правам во следните неколку дена е ќе гледам колку се тие интереси сериозни“, заклучил тој.

Како што пишуваат локалните медиуми, постои голема веројатност за соработка, посебно „NedCar“ моментално располага со слободни капацитети. Да спомнеме и дека првиот модел, „Lightyear 0“, од ноември минатата година се произведува во Финска. Произведена е само мала количина пред погонот да престане со работа. Неколку дена пред стечајот компанијата одучи да го сопре производството и во целост да ги префрли ресурсите на „Lightyear 2“. Очигледно предоцна.


Сестринската компанија „Lightyear Layer“, задолжена за производство на соларни панели, не престана со работа. Моментално се разгледува кој располага со оваа компанија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг