Како додавањето млеко во кафето може да му помогне на вашиот организам?

Точка

31/01/2023

16:20

6.843

Големина на фонт

а а а

Новото истражување на Универзитетот во Копенхаген тврди дека додавањето млеко во кафето може да му помогне на вашето тело да се избори со воспалението и да придонесе за подобро здравје воопшто.

Додавањето млеко во кафето може да го подобри вашето здравје, тврдат научниците. Црното кафе е преполно со полифеноли кои можат да го спречат оштетувањето на клетките и да ви помогнат да живеете подолго, а млечните протеини можат да се спојат со антиоксидантите и да му помогнат на телото да ги апсорбира.


Лабораториските експерименти на Универзитетот во Копенхаген откриле дека ова ја удвојува ефикасноста на полифенолите. Тие станале двојно подобри во намалувањето на штетните отоци/воспаленија во човечките клетки. Воспалението може да ги оштети крвните садови и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Авторката на студијата, професорката Маријана Нисен Лунд, вели:

„Покажуваме дека - како што реагира полифенолот - неговиот ефект врз воспалението во имуните клетки се засилува“.


Професорката Нисен Лунд додава: „Бидејќи луѓето не апсорбираат толку многу полифеноли, многу истражувачи проучуваат како да ја подобрат нивната апсорпција. Оваа стратегија има дополнителна придобивка од зголемување на антиинфламаторните ефекти“.

„Замислувам дека нешто слично се случува во јадењето од месо со зеленчук или смути, ако се погрижите да додадете малку протеини како млеко или јогурт“, објаснува таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг