При подготвувањето на десерти често зад нас остануваат многу валкани садови, но со подготовката на овој рецепт нема да имате ниту еден валкан сад.
Вистинскиот љубител на слатки добро знае дека при подготовката на храната не е потребно да се вложи само напор во текот на подготовката затоа што често после тоа останува многу хаос.
Овојпат на интернет се појавил рецепт за вкусен колач којшто не само што е кремаст туку и за негова подготовка потребно е само едно шише кое по подготовката на колачот едноставно го фрлате.
- Празно пластично шише;
- 2 ќесички шлаг;
- Малини или друго овошје по избор;
- 1 чоколаден пудинг;
- Чоколадни бисквити по желба;
- 200 грама чоколадо за глазура.
Шлагот изматете го за да биде цврст. Шишето исечете го на половина (како што е прикажано во видеото), па дел од изматениот шлаг намачкајте го на внатрешниот дел од шишето, над шлагот ставете малини.
Остатокот од шлагот поделете го на два дела и во еден додадете крем од малини, а во другиот чоколадниот пудинг. Премачкајте го на шлагот едното, па другото, па ставете чоколадни бисквити.
Ставете го десертот во замрзнувач на неколку часа. Откако ќе зацврсти, оставете да се лади најмалку четири часа, а потоа ставете го на решетка и прелијте го со стопено чоколадо за да се добие глазура.
Потоа колачот повторно ставете го во фрижидер, па исечете и сервирајте.
Деталната подготовка погледнете ја во видеото: